Friday, December 21, 2018

Домашен јогурт

250 мл кисело млеко ( или грчки јогурт )
Дводелен домашен јогурт десерт1 паковка желатин плус
5 лажици вода за желатинот
100 гр свежи боровинки
50 гр шеќер во прав
Втор дел
400 мл млеко
1 паковка пудинг од шумско овошје
5 лажици шеќер
Кога сакаш да се освежиш и да подготвиш нешто слатко,ова е една од најубавите идеи.
Моите деца ги сакаат купечките јогуртчињата, па решив да подготвам една домашна варијанта.
Немав таква паковка во која се дели башка делот со пудинг, башка делот со јогурт, па решив да го подготвам во мали чашки.
Десертот не освежи многу, а јас сега ќе ви кажам како го подготвив.
Желатинот го разматив со 5 лажици ладна вода, па го оставив да набабри.
Киселото млеко заедно со боровинките и шеќерот во прав ги изблендирав во нутрито, па кога набабри желатинот го додадов во смесата и повторно го вклучив нутрито на кратко.
Вака подготвената смеса, ја разредив во чашките и ги ставив во ладилник 30 минути.
Додека се ладат чашките, го подготвувам пудингот од шумско овошје.
Можете по желба да ставите цели плодови во пудингот.
Откако ќе го подготвите според упатството, дополнете ги чашите кои претходно ги ладевте.
Декорирајте со шумско овошје, по вкус.
Оставете нека се излади и пудингот, па уживајте во овој вкусен десерт.

Овошен колач

4 јајца
250 гр. шеќер
120 гр. оштро брашно
200 гр. масло
 200 гр. млеко 
овошје по желба

Изматете пена од белките, додајте го шекерот и жолчките, а потоа постепено матејки, додајте го маслото, млекото и брашното. Измешајте се добро и ставете ја смесата во подмачкано четвртасто тавче. Преку смесата наредете го овошјето, ставете одозгора малку шеќер и издробете 5-6 бисквити. Печете го во рерна на 150°С околу 35-40 минути, а кога ќе се испече посипете го со шеќер во прав помешан со ванила.

Ванилици

Image result for ванилици200 гр. маст
500 гр. брашно
1 цело јајце 
1 жолчка
4 лажици шеќер
сок од еден лимон
шеќер во прав
ванила




Изматете ја пенасто маста, а потоа додајте ја жoлчката, целoтo јајце, шеќерoт и сoкoт од лимон. Потоа дoдајте го брашното, префрлете ја смесата на даска за месење, замесете тесто и исукајте гo тестотo вo кора со дебелина од 1/2 см. Со чашка од ракија вадете ванилици од тестотo и редете ги вo подмачкан плех. Печете ги 20 мин. на 150С. Печените ванилици премачкајте ги со џем, сoставете ги две по две и увалкајте ги во прав шеќер вo кој претхoдно сте додале ванила.