250 мл кисело млеко ( или грчки јогурт )1 паковка желатин плус
5 лажици вода за желатинот 100 гр свежи боровинки 50 гр шеќер во прав Втор дел 400 мл млеко 1 паковка пудинг од шумско овошје5 лажици шеќерКога сакаш да се освежиш и да подготвиш нешто слатко,ова е една од најубавите идеи. Моите деца ги сакаат купечките јогуртчињата, па решив да подготвам една домашна варијанта. Немав таква паковка во која се дели башка делот со пудинг, башка делот со јогурт, па решив да го подготвам во мали чашки. Десертот не освежи многу, а јас сега ќе ви кажам како го подготвив. Желатинот го разматив со 5 лажици ладна вода, па го оставив да набабри. Киселото млеко заедно со боровинките и шеќерот во прав ги изблендирав во нутрито, па кога набабри желатинот го додадов во смесата и повторно го вклучив нутрито на кратко. Вака подготвената смеса, ја разредив во чашките и ги ставив во ладилник 30 минути. Додека се ладат чашките, го подготвувам пудингот од шумско овошје. Можете по желба да ставите цели плодови во пудингот. Откако ќе го подготвите според упатството, дополнете ги чашите кои претходно ги ладевте. Декорирајте со шумско овошје, по вкус. Оставете нека се излади и пудингот, па уживајте во овој вкусен десерт.
Friday, December 21, 2018
Домашен јогурт
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment